УКРАИНА ЌЕ ГО ЗАПРЕ ТЕКОТ НА РУСКИ ГАСОВОД ДО ЕВРОПА

    УКРАИНА ЌЕ ГО ЗАПРЕ ТЕКОТ НА РУСКИ ГАСОВОД ДО ЕВРОПАУкраина останува голема транзитна рута за рускиот гас до Европа и покрај руската инвазија на земјата. (Фото: ГТСОУ)

    Украина соопшти дека ќе го прекине текот на гас низ транзитна точка за која вели дека испорачува речиси третина од горивото што доаѓа од Русија до Европа низ Украина. Украинците ја обвинуваат Русија за потегот и најавија дека ќе го пренасочат гасот на друго место.

    Украина останува голема транзитна рута за рускиот гас до Европа и покрај руската инвазија на земјата.

    ГТСОУ, компанијата која управува со гасоводниот систем во Украина, кажа дека ќе ја прекине испораката на гас преку рутата Сокранивка од денеска, прогласувајќи „виша сила“, клаузула која се употребува кога некој бизнис е погоден од нешто врз кое нема контрола.

    Но, „Газпром“, кој има монопол на извозот на руски гас преку гасоводи, вели дека е технолошки неизводливо да се пренасочи целиот гас до интерконекторот Суџа, како што предлага ГТСОУ.

    Директорот на ГТСОУ Сергиј Макогон вели дека руските сили почнале да земаат од гасот што поминува низ Украина и да го испраќаат во украинските сепаратистички региони поддржани од Русија.

    Украинската компанија кажа дека нема управува со станицата за компресија на гас Новоскоп поради „мешање на окупаторските сили во техничките процеси“, додавајќи дека привремено ќе го пренасочи гасот до интерконекторот Суџа која се наоѓа на територија контролирана од Украина.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира