ЛЕТОВО ЌЕ СЕ ВОВЕДЕ ЗОНСКО ВО КАРПОШ, ЗА СТАНАРИТЕ БЕСПЛАТНО ПАРКИРАЊЕ ЗА ДВЕ ВОЗИЛА, ЗА ЖИТЕЛИ ОД ДРУГИ ОПШТИНИ 25 ДЕНАРИ ЧАС

    ЛЕТОВО ЌЕ СЕ ВОВЕДЕ ЗОНСКО ВО КАРПОШ, ЗА СТАНАРИТЕ БЕСПЛАТНО ПАРКИРАЊЕ ЗА ДВЕ ВОЗИЛА, ЗА ЖИТЕЛИ ОД ДРУГИ ОПШТИНИ 25 ДЕНАРИ ЧАСНаплата ќе се воведе во Карпош 1, Карпош 2, кај млечен ресторан и на улица Народен фронт кај Министерство за економија. (Фото: СДК.МК)

    Летово зонско паркирање ќе се воведе и во Општина Карпош во Скопје. Со зонските паркиралишта ќе стопанисува ЈП „Градски паркинг“, од каде велат дека во моментов се прават сообраќајните проекти во Општина Карпош кои потоа треба да бидат одобрени од Министерството за внатрешни работи.

    За станарите паркирањето ќе биде бесплатно за две возила, додека за жители на други општини 1 час паркирање ќе чини 25 денари. Ќе има месечни карти од 800 денари за вработени, а за гости еден час паркирање ќе биде 10 денари.

    Како што велат од ЈП „Градски паркиг“ наплата ќе се воведе во Карпош 1, Карпош 2, кај млечен ресторан и на улица Народен фронт кај Министерство за економија.

    Во овие делови кои гравитираат кон Центар станарите имаа проблеми, бидејќи тука не се наплаќа паркирање и голем број граѓани тоа го користат. Станарите не можат да си додјат дома и да најдат слободно место и затоа голем дел од нив се изјаснија дека сакаат да се воведе зонско паркирање“, велат од претпријатието.

    Од „Градски паркинг“ велат дека зонското паркирање ќе стартува летово или најдоцна до есен.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира