Лидерот на отцепениот грузиски регион Јужна Осетија најави дека на 17 јули ќе се одржи референдум за приклучување на Русија.
„Анатоли Бибилов потпиша декрет за одржување на референдум во Република Јужна Осетија“, соопшти неговиот кабинет, додавајќи дека народот има историска аспирација да ѝ се приклучи на Русија.
Јужна Осетија беше причината за војната помеѓу Грузија и Русија во 2008 година, по која Русија ја призна независноста на територијата, заедно со другиот отцепен грузиски регион, Абхазија.
„Си доаѓаме дома“, напиша Бибилов на Телеграм.
„Дојде време да се обединиме еднаш засекогаш. Јужна Осетија и Русија ќе бидат заедно“, додаде лидерот на регионот.