ПРАШАЊАТА ЗА ЕКСТЕРНОТО ЌЕ БИДАТ ОД МАТЕРИЈАЛОТ ДО МАРТ ПОРАДИ ШТРАЈКОТ НА НАСТАВНИЦИТЕ

    ПРАШАЊАТА ЗА ЕКСТЕРНОТО ЌЕ БИДАТ ОД МАТЕРИЈАЛОТ ДО МАРТ ПОРАДИ ШТРАЈКОТ НА НАСТАВНИЦИТЕОд средбата на премиерот Димитар Ковачевски со претставници на средношколците во Владата на 13 мај. (Фото: Влада)

    Премиерот Димитар Ковачевски и средношколците се договорија прашањата за екстерните испити годинава да го опфаќаат материјалот заклучно со март со што не е опфатен периодот кога беше штрајкот на образовниот кадар, прилагодувајќи ја матурата на новонастанатата ситуација, соопштија од Сојузот на средношколци. Од Сојузот на средношколци додаваат дека преземаат одговорност да се обратат до оценувачките комисии доколку на испитите се јават прашања од наставниот материјал после март.

    „Прашањата за овогодишните екстерни испити се соодветни на испитите од минатите години, кои се објавени на веб страницата на Државниот испитен центар. ДИЦ во најбрз можен рок ќе изготви Каталог на прашања за екстерните испити, односно истите на матурантите ќе бидат достапни во еден ПДФ документ. Со Претседателот на Владата се согласивме дека прашањата за екстерните испити ќе го опфаќаат материјалот заклучно со март со што не е опфатен периодот кога беше штрајкот на образовниот кадар. Сојузот презема одговорност да се обрати до оценувачките комисии доколку на испитите се јават прашања од наставниот материјал после март“, се вели во соопштението по средбата во Владата.

    Што се однесува на проектната задача, рокот за изработка на проектната задача е веќе продолжен и 1.598 ученици кои сѐ уште немаат завршено со овој, клучен дел од матурскиот испит ќе имаат можност тоа да го сторат до понеделник, 16 мај.

    За интерните испити, од Сојузот на средношколци велат дека успеале да издејствуваат професорите и оваа година да креираат банки со прашања кои ќе бидат споделени со учениците најмалку три недели пред денот на испитот. Исто така, коефициентите за (не)соодветност на испитите при пресметувањето на поените од минатата година ќе бидат задржани и за оваа година.

    Наставниците од основните и средните училишта, како и воспитувачките од градинките штракјуваа за поголеми плати од 11 до 28 април. Штрајкот во моментов е во мирување додека трае процесот на помирување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира