МАКЕДОНСКИ ПИЛОТ ОТВОРИ ПЕКАРА „ЈУГОСЛАВИЈА“ ВО СИНГАПУР СО СОПРУГАТА

    МАКЕДОНСКИ ПИЛОТ ОТВОРИ ПЕКАРА „ЈУГОСЛАВИЈА“ ВО СИНГАПУР СО СОПРУГАТАМакедонската двојка Митре и Катерина Крајовски отвори кафуле и пекара „Југославија“ во Сингапур. (Фото: 8дејс)

    Пекара со европски колачи е реткост во Сингапур, а уште поретки се пекари како „Југославија“ , именувана по земја што веќе не постои. Отворена од македонската двојка Митре и Катерина Крајовски, пекарата нуди традиционална храна од овие простори на локалците во Сингапур.

    Крајовски првин отворија кафуле, а потоа се проширија со пекара во април годинава.

    „Ова не е обична комерцијална пекара. Правиме домашните рецепти за кои е потребно подолго време да се подготват, но така се подобри. Правиме слатки кои обично се прават кога има некоја прослава“, вели 53-годишниот Митре.

    Јадењата кои ги прават Митре и Катерина често се прават за посебни прилики во македонските домови, како имендени. Тој на Сингапурците им објаснува што е христијанската традиција именден и како се слави.

    „Каниме пријатели и роднини, може да ви дојдат 30 до 50 луѓе и трае цел ден“, вели Митре.

    Тој работи како пилот за Сингапур Ерлајнс и лета авион Боинг 777.  Во Сингапур е преселен пред 17 години. Катерина е економист, но не сакала да работи во канцеларија, па отвориле пекара. Митре ѝ помага на Катерина во кафулето и пекарата секогаш кога не лета.

    Најпопуларни јадења во нивната пекара се бурек со јогурт, кифлички, погача, Васина торта, бајадера, баклава и орасници.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира