Повеќе од 100 училишта во Белград утрово добиле дојава за подметната бомба, соопшти српското министерство за образование. По детаљните проверки во повеќето училишта било утврдено дека дојавите се лажни.
Дојава за подметната бомба добиле 97 основни и неколку средни школи.
„По детаљната проверка во голем број училишта утврдено е дека дојавите се лажни. Учениците се вратени на настава, а таму каде што прегледот сè уште трае, децата се испратени дома“, соопшти министерството.
Дојавите стигнале во рани утрински часови, една уште во 6:15 часот. Вчера биле примени две дојави за подметната бомба и на железничката станица во Нов Белград и во зоолошката градина.