Судењето на Здравко Савески и Владимир Куновски од Левица, кои се обвинети за демолирање на народната канцеларија на Ѓорге Иванов, денеска повторно беше одложено, овојпат поради болест на Куновски, јави агенцијата „Мета“, повикувајќи се на „24 Вести“.
Судењето е презакажано за 18 јануари следната година.
Савески и Куновски се товарат дека на 13 април учествувале во демолирањето на народната канцеларија, за време на протестите против одлуката на претседателот Иванов да аболира 56 лица – политичари и нивни соработници.
Јавното правобранителство штетата ја процени на 522.000 денари, односно околу 8.500 евра.