ОТВОРЕН БАЛКАН НЕ Е ЗАМЕНА ЗА ЕУ, НО ИНТЕГРАЦИЈАТА Е ВО ЗАЛОЖНИШТВО НА БУГАРИЈА КОЈА ЗБОРУВА ЗА МИНАТО, А НЕ ЗА ИДНИНА, РЕЧЕ КОВАЧЕВСКИ

    ОТВОРЕН БАЛКАН НЕ Е ЗАМЕНА ЗА ЕУ, НО ИНТЕГРАЦИЈАТА Е ВО ЗАЛОЖНИШТВО НА БУГАРИЈА КОЈА ЗБОРУВА ЗА МИНАТО, А НЕ ЗА ИДНИНА, РЕЧЕ КОВАЧЕВСКИКовачевски денеска заедно со премиерката на Србија Ана Брнабиќ учествуваше на Самитот на „Македонија 2025 за регионалната соработка. (Фото: К. Попов)

    Нашата интеграција во Европската унија е заложник на инсистирањето на Бугарија да се зборува за историја и минатото, а не за иднината, рече денеска премиерот Димитар Ковачевки. Тој заедно со премиерката на Србија Ана Брнабиќ учествуваше на Самитот во организација на „Македонија 2025“, чија главна тема беше регионалната соработка, со фокус на економијата, иднината на компаниите, работната сила и администрацијата низ иновациите и дигиталната трансформација.

    Оваа иницијатива по сите основи на економската логика е позитивна, креира поголем пазар на капитал, можности за размена, како и зголемување на БДП на регионот. На следниот Самит во Охрид во јуни очекуваме да ни се приклучат и други земји од Западен Балкан, затоа што оваа иницијатива може да донесе бенефит за сите шест земји од регионот,” рече Ковачевски.

    Ковачевски кажа дека Отворен Балкан не е замена за ЕУ интеграцијата, но дека нашата интеграција во Унијата е заложник на инсистирањето на Република Бугарија да се зборува за историја и минатото, а не за иднината.

    Тоа не дава бенефит за никого. Зборувањето за теми кои се однесуваат на иднина е позначајно и на таква основа треба да се одвива дијалогот и соработката помеѓу земјите“, кажа премиерот Ковачевски.

    Ковачевски и Брнабиќ кажаа дека земјите од Отворен Балкан имаат формирано тимови кои работат на заедничка промоција во однос на привлекување на директни странски инвестиции, а се работи и на заедничка промоција на туризмот во сите држави и промоција на производите што се поврзани со туристичката дејност или индустрија. Како што рече, од големо значење е олеснувањето на сите нетарифни бариери на границите и тоа веќе е направено во делот на фитосанитарните услуги, во делот на транспортот на границите.

    Во моментот се работи на единствен ИД број којшто оние кои ќе решат својата кариера да ја продолжат во една од трите земји, тоа ќе можат да го направат на наједноставен начин преку овој број. Тој важи во сите три држави, без да мора да се бараат работни дозволи на секоја недела или секој месец. На овој начин самиот регион ќе стане попривлечен за ЕУ. Ниедна голема компанија нема да замижи пред голем пазар од 20 милиони луѓе. Крајната цел на Отворен Балкан е една царинска унија во која слободно ќе се тргува и ќе се инвестира капитал“, рече Ковачевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира