ОПШТИНА ВЕЛЕС БАРА ПАРИ ЗА ДА ИЗГРАДИ ПОДЗЕМНА ТРИКАТНА ГАРАЖА ВО ЦЕНТАРОТ

    ОПШТИНА ВЕЛЕС БАРА ПАРИ ЗА ДА ИЗГРАДИ ПОДЗЕМНА ТРИКАТНА ГАРАЖА ВО ЦЕНТАРОТПресметките велат дека гаражата би чинела 1,5 милиони евра (Фото: СДк.МК)

    Велес ќе добие подземна гаража во центарот, спроти судот. Дел од стручните лица подолго време посочуваат дека во централното подрачје не треба да се гради ниту катна, ниту подземна гаража, оти така нема да се намалат сообраќајната гужва и загадувањето.

    Градоначалникот Марко Колев вели дека сите технички работи за подземната гаража се завршени.

    „Постапката е отидена предалеку и не се можни никакви измени. Имаме проект, ревизија, издадено решение за градба, сообраќајно решение, значи имаме сè“, изјави Колев.

    Засега не е обезбедена финансиската конструкција за гаражата, која би имала три ката под земја.

    „Не можам да се врзам со рокови. Во преговори сме со ЕУ, Владата, со донатори. Пресметките велат дека би чинела 90 милиони денари или 1,5 милиони евра. Општина Велес е подготвена да финансира со свој дел. Во рок од 3-6 месеци би знаеле поконкретно. Ваква подземна катна гаража има во неколку европски градови. Над неа е предвиден современ плоштад, чија изградба ќе ја финансира ЕУ“. кажа Колев.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира