ЕВРОПА СЕ СООЧУВА СО НАЈГОЛЕМОТО ШИРЕЊЕ НА МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ ДОСЕГА

    ЕВРОПА СЕ СООЧУВА СО НАЈГОЛЕМОТО ШИРЕЊЕ НА МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ ДОСЕГАМајмунски сипаници е ретко вирусно заболување кое вообичаено е благо (Фото: АП)

    Повеќе од 80 случаи на мајмунски сипаници досега се регистрирани во најмалку 12 држави, а Светската здравствена организација кажа дека истражува уште 50-ина можни случаи.

    Заразата е потврдена во девет европски земји (Белгија, Франција, Италија, Холандија, Португалија, Шпанија, Шведска, Велика Британија), како и во САД, Канада и Австралија. Шпанија регистрираше 24 нови случаи вчера, главно во регионот на Мадрид, каде што властите затворија една сауна која се поврзува со најголем број заразени.

    Последното ширење, најголемо во Европа досега, е атипично зашто се случува во неендемски држави“, кажа СЗО.

    Прво идентификувана кај мајмуни, оваа болест е карактеристична за зафрлени делови на централна и западна Африка и случаите надвор од овој регион најчесто се поврзани со патувањата во тие подрачја. Станува збор за ретко вирусно заболување кое вообичаено е благо и заразените заздравуваат за неколку недели. Вирусот не се пренесува така лесно помеѓу луѓето, па ризикот од поголемо ширење е многу мал.

    Не постои посебна вакцина за мајмунски сипаници, но СЗО вели дека вакцините против мали сипаници се 85% делотворни против ова заболување. Симптомите вклучуваат осип, треска, главоболка, болки во мускулите, болки во грбот, отечени лимфни јазли, треска и исцрпеност.

    Малку е веројатно дека оваа епидемија ќе трае долго. Случаите можат добро да се изолираат преку следење на контактите, а постојат и лекови и вакцини со кои може да се третира болеста“, изјави Фабијан Лендерц од Институтот за заразни болести „Роберт Кох“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира