Русија вчера објави листа на 963 американски државјани на кои им забрани влез во земјата и на неа се најдоа и седуммина веќе починати. Руското министерство за надворешни работи кажа дека санкционираните Американци поттикнувале русофобија, вклучувајќи го и легендарниот актер Морган Фриман, кој во 2017 ја обвини руската влада за мешање во американската демократија.
Белата куќа ја исмеа листата, кажувајќи никој да не планира одмор во Москва.
Покрај потпретседателката Камала Харис, државниот секретар Ентони Блинкен, министерот за одбрана Лојд Остин и спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, листата вклучува и тројца починати сенатори, Џон Мекејн (почина во 2018), Хери Рид (2017) и Орин Хеч (2022).
Во Русија исто така не смеат да патуваат конгресменката Алси Хејстингс, првата заменичка-директор на ЦИА Мелиса Дриско, судијата Стивен О‘Нил и армискиот резервист Џереми Сивотс, кои починаа во периодот од 2018 до 2022.
„Руските контрасанкции се изнудени и имаат за цел да го принудат режимот во САД да го промени своето однесување и да ја признае новата геополитичка реалност“, соопшти Кремљ.
Џо Бајден уште во март доби забрана за влез во Русија.