ЧЕТИРИ СВЕТСКИ МЕТРОПОЛИ ЌЕ ЗАБРАНАТ КОЛИ НА ДИЗЕЛ ДО 2025 ГОДИНА

a:1:{s:9:"td_source";s:40:"МексикоСити(БиБиСи)

    ЧЕТИРИ СВЕТСКИ МЕТРОПОЛИ ЌЕ ЗАБРАНАТ КОЛИ НА ДИЗЕЛ ДО 2025 ГОДИНА

    Градоначалниците на Париз, Мексико Сити, Мадрид и Атина се договорија да забранат возила на дизел до 2025 година. Обврската ја презедоа на средба во Мексико на биенален собир на градски лидери.

    Тие изјавија дека забраната ќе биде донесена за да се подобри квалитетот на воздухот. Во исто време ќе воведуваат субвенции за алтернативни возила и ќе промовираат пешачење и велосипедизам.

    Користењето возила на дизел гориво во последните години стана тема поради загриженоста за нивното учество во загадувањето на воздухот. Според податоците на Светската здравствена организација, годишно има околу три милиони смртни случаи поврзани со загадениот воздух.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира