ПРВ СЛУЧАЈ НА МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ ВО СЛОВЕНИЈА, СЗО ВЕЛИ ДЕКА ШИРЕЊЕТО МОЖЕ ДА СЕ СОПРЕ

    ПРВ СЛУЧАЈ НА МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ ВО СЛОВЕНИЈА, СЗО ВЕЛИ ДЕКА ШИРЕЊЕТО МОЖЕ ДА СЕ СОПРЕОд СЗО велат дека нема докази дека вирусот мутирал во позаразен сој (Фото: АП)

    Словенија го потврди првиот случај на мајмунски сипаници, со што продолжува најголемото ширење на оваа болест надвор од Африка досега. „Н1 Словенија“ објави дека пациентот не е хоспитализиран на Инфективната клиника во Љубљана, па веројатно станува збор за поблага форма на болеста.

    Сајтот објави дека заразениот е маж кој неодамна се вратил од Канарските Острови, со кои се поврзуваат бројните случаи на зараза во Шпанија.

    Научниците се изненадени од ширењето на оваа болест во развиените земји, зашто е карактеристична за зафрлени делови на централна и западна Африка. Станува збор за ретко вирусно заболување кое вообичаено е благо и заразените заздравуваат за неколку недели. Вирусот не се пренесува така лесно помеѓу луѓето, па ризикот од поголемо ширење е многу мал.

    Досега се регистрирани повеќе од 100 случаи во Европа, Америка и Австралија, но Светската здравствена организација кажа дека ширењето на вирусот може да се скроти.

    Ова е ситуација што може да се скроти. Пренесувањето се случува при контакт кожа со кожа и во најголем број случаи заболувањето е благо“, изјави Марија фан Керкхофе, шефицата на Одделот за новонастанати болести во СЗО.

    Од СЗО велат дека нема докази дека вирусот мутирал во позаразен сој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира