Во првото тромесечје од 2022 година Македонија има негативен природен прираст од 3.418, според податоците на Државниот завод за статистика. Во јануари, февруари и март годинава има 4.009 живородени деца, а починати се 7.427.
Од 80 општини во земјата, само во 9 има позитивен природен прираст на населението во првото тромесечје. Станува збор за општините Василево, Липково, Студеничани, Сарај , Чаир, Шуто Оризари, Арачиново и Долнени.
Минатата година, во Македонија починале рекордни 28.816 лица, што е зголемување од над три илјади во однос на претходната година. Природниот прираст е -10.236. Во 2020 година починале 25.775 лица.
Во годините пред пандемијата на коронавирус, во Македонија годишно умирале по околу 20 илјади лица (20.446 – 2019, 19.727 – 2018, 20.318 – 2017, 20.421 – 2016, 20.461 – 2015