ЛИТВАНЦИТЕ ДОНИРАА ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДА СЕ КУПИ ДРОН ЗА УКРАИНСКАТА ВОЈСКА

    ЛИТВАНЦИТЕ ДОНИРАА ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДА СЕ КУПИ ДРОН ЗА УКРАИНСКАТА ВОЈСКАСо собраните пари ќе се купи турски дрон „бајрактар ТБ2“ (Фото: АП)

    Стотици Литванци донираа за да се купи дрон за украинската војска, со цел да ѝ се помогне во војната против Русија. Целта од пет милиони евра беше постигната за само три и пол дена, при што се донираа суми од пет до 100 долари и со овие пари ќе се купи дрон „бајрактар ТБ2“.

    Пред да почне оваа војна, никој од нас не размислуваше за купување оружје. Но, тоа сега е нормална работа. Веќе некое време донирам пари за да се купи оружје за Украина и ќе продолжам до победата“, изјави 32-годишната Агне Беличкаите.

    Дронот ќе го купи министерството за одбрана на Литванија, а писмо на намери ќе биде испратено во Турција следната недела.

    Украина купи повеќе од 20 вакви дронови во изминатите години и нарача уште 16 на крајот на јануари.

    Ова е прв случај во историјата обични луѓе да донираат пари за да се купи нешто како воен дрон“, изјави украинскиот амбасадор во Литванија, Петро Бешта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира