МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЌЕ СЕ УЧИ НА 4 ФАКУЛТЕТИ ВО ЗЕМЈАВА

    МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЌЕ СЕ УЧИ НА 4 ФАКУЛТЕТИ ВО ЗЕМЈАВАМедиумската писменост се вклучува во студиските програми на четири факултети преку проектот „Младите размислуваат“ на УСАИД. (Фото: ИКС)

    Четири факултети ќе ја внесат медиумската писменост во студиските програми, според договорот што денеска го потпишаа со ИРЕКС  и Институтот за комуникациски студии (ИКС) во Скопје. Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) од Скопје, Факултетот за јазици, култури и комуникации при Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) од Тетово и Економскиот факултет на АУЕ ФОН ќе ги ажурираат постоечките или ќе воведат нови предмети за медиумска писменост, ќе истражуваат, ќе создаваат нова литература и ќе осмислат различни активности со студенти.

    Програмата се остварува преку мали грантови што ги доделуваат ИРЕКС и ИКС во рамки на проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“. На првиот повик се пријавија 11 високообразовни институции. Повикот ќе се повторува и следните години, соопшти ИКС.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира