НАЈМАЛКУ 28 ЗАГИНАТИ ВО ГОЛЕМ ПОЖАР ВО СКЛАДИШТЕ ВО БАНГЛАДЕШ

    НАЈМАЛКУ 28 ЗАГИНАТИ ВО ГОЛЕМ ПОЖАР ВО СКЛАДИШТЕ ВО БАНГЛАДЕШНајмалку пет пожарникари се меѓу загинатите, а 15 се в болница со изгореници. (Фото: АП)

    Во голем пожар во складиште за контејнери во близина на пристанишен град во југоисточен Бангладеш загинаа најмалку 28 лица, а повеќе од 100 се повредени, соопштија властите додека пожарникарите се обидуваат да го стават огнот под контрола. Најмалку пет пожарникари се меѓу загинатите, а 15 се в болница со изгореници.

    Пожарот во складиштето кое е на фирми од Холандија и Бангладеш избувна околу полноќ, по експлозии во контејнер полн со хемикалии. Причината за пожарот не можеше веднаш да се утврди. Депото се наоѓа во Читагонг, 216 километри југоисточно од главниот град Дака. По првата експлозија се случија повеќе други додека пожарот продолжи да се шири. Експлозиите ги искршиле прозорците на околните згради и се почувствувале на оддалеченост од 4 километри.

    Бангладеш има историја на индустриски катастрофи, меѓу кои и фабрики кои се запалија со работници заробени внатре. Мониторинг групите ја обвинуваат корупцијата и неспроведувањето на законите за смртоносните инциденти во текот на годините.

    Глобалните брендови, кои вработуваат десетици илјади ниско платени работници во Бангладеш, се критикувани за да ги подобрат условите во фабриките во последниве години. Во масивната конфекциска индустрија во земјата, која вработува околу 4 милиони луѓе, безбедносните услови значително се подобрија по масовните реформи, но експертите велат дека несреќите сепак може да се случат ако другите сектори не направат слични промени. Во 2012, околу 117 работници загинаа оти беа заробени зад заклучените излези во фабрика за облека во Дака.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира