Денеска во Тетово почина Глигорие Гоговски, стопанственик и политичар кој во периодот од 1986 до 1991 беше претседател на последниот Извршен совет на Македонија, а како премиер на преодната влада ги подготви првите слободни и повеќепартиски избори. Имаше 79 години.
Гоговски беше долгогодишен генерален директор на волнарскиот комбинат „Tетекс” oд Тетово и претседател на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје. Роден е во 1943 во Тетово, во 1968 дипломирал на Електро-машинскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Универзитетот во Загреб.
Гоговски ќе биде погребан утре во 13 часот на гробиштата во Тетово.