ГРАД СКОПЈЕ ГИ ПОСКАПУВА ЛИЦЕНЦИТЕ ЗА ДИСКОТЕКИТЕ, БАРА ДА ПЛАЌААТ ПО 10.000 ЕВРА

    ГРАД СКОПЈЕ ГИ ПОСКАПУВА ЛИЦЕНЦИТЕ ЗА ДИСКОТЕКИТЕ, БАРА ДА ПЛАЌААТ ПО 10.000 ЕВРАЛиценцата за кабаре да биде 5.000 евра, за ноќен бар 7.000 евра, а за дискоклуб и дискоклуб на отворен простор 10.000 евра.(Фото: СДК.МК)

    Град Скопје бара да поскапат лиценците за работа на ноќните клубови и дискотеките во главниот град. Според одлуката која денес беше точка на дневен ред на седницата на Советот на Град Скопје се предлага лиценцата за кабаре да биде 5.000 евра, за ноќен бар 7.000 евра, а за дискоклуб и дискоклуб на отворен простор 10.000 евра. Оваа предлог одлука денеска не беше изгласана. По почнување на седницата беше побарано точката да биде тргната од дневен ред.

    Досега лиценцата за кабаре беше од 2.500 до 5.000 евра, за ноќен бар од 5.000 до 7.000 евра, а за дискотеки од 7.000 до 10.000 евра.

    „Од надоместокот од ставот 1 на овој член, 50% се уплатува на сметката на Градот Скопје, а 50% се уплатува на буџетот на Република Северна Македонија, во денарска противвредност според средниот курс на Народна Банка на Република Северна Македонија на денот на уплатата“, се вели во образложението на Град Скопје.

    Лиценците за дискотеките ги издава Министерството за економија.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира