ОСВОИВМЕ 97% ОД ЛУГАНСК, ВЕЛИ МОСКВА

    ОСВОИВМЕ 97% ОД ЛУГАНСК, ВЕЛИ МОСКВАЗеленски вели дека во Северодоњецк се водат улични борби (Фото: АФП)

    Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека руските сили контролираат големи делови на источна Украина.

    „Руските сили целосно ги ослободија станбените делови на Северодоњецк и се борат да ја преземат контролата врз индустриската зона и околните градови“, изјави Шојгу.

    Северодоњецк, кој е административен центар на регионот Луганск, е во фокусот на руската офанзива во изминатите недели. Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека во градот се водат улични борби, признавајќи дека Русите се бројно надмоќни.

    Шојгу додаде дека руските трупи напредуваат и кон градот Попасна, кој се наоѓа 30 километри јужно од Северодоњецк.

    „Руските сили ги контролираат Лиман, Свјатохирск и уште 15 други градови во регионот. Досега се ослободени 97% од Луганск“, тврди Шојгу.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира