РУСИЈА ПОЧНА ДА ИЗДАВА ПАСОШИ ВО ОКУПИРАНИТЕ ГРАДОВИ ХЕРСОН И МЕЛИТОПОЛ

    РУСИЈА ПОЧНА ДА ИЗДАВА ПАСОШИ ВО ОКУПИРАНИТЕ ГРАДОВИ ХЕРСОН И МЕЛИТОПОЛВо Херсон денеска биле доделени првите 23 руски пасоши (Фото: ТАСС)

    Руските власти во окупираните украински градови Херсон и Мелитопол почнаа да им издаваат руски пасоши на локалните жители. Новинската агенција „ТАСС“ објави дека денеска биле доделени 23 пасоши во Херсон, а слична церемонија се одржала и во Мелитопол. 

    Владимир Путин минатиот месец потпиша декрет со кој се поедноставува процедурата за добивање руски пасош за жителите на јужните украински региони Херсон и Запорожје. Украина го опиша декретот како правно неважечки.

    Сите жители на Херсон сакаат да добијат руско државјанство и руски пасош што е можно побрзо. Ова е почеток на нова ера за нас“, изјави Владимир Салдо, шефот на регионалната администрација назначена од Русија.

    Руската војска освои најголем дел од регионот Херсон и најавено е дека таму ќе се одржи референдум за негово припојување кон Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира