РУСИТЕ УНИШТИЛЕ ВТОР МОСТ МЕЃУ СЕВЕРОДОЊЕЦК И ЛИСИЧАНСК, СЛЕДНИТЕ ДВА ДЕНА СЕ РЕШАВАЧКИ, ВЕЛИ ГУВЕРНЕРОТ НА ЛУГАНСК

    РУСИТЕ УНИШТИЛЕ ВТОР МОСТ МЕЃУ СЕВЕРОДОЊЕЦК И ЛИСИЧАНСК, СЛЕДНИТЕ ДВА ДЕНА СЕ РЕШАВАЧКИ, ВЕЛИ ГУВЕРНЕРОТ НА ЛУГАНСКУкраина и натаму ја држи индустриската зона во градот (Фото: Гети)

    Руската војска уништила втор мост што ги поврзува Северодоњецк и Лисичанск и го бомбардира третиот, изјави гувернерот на Луганск, Серхиј Гајдај.

    Тие сакаат целосно да го отсечат Северодоњецк од можноста да се евакуираат жителите и да се внесат муниција и засилувања во градот. Ситуацијата е екстремно тешка и следните два дена би можеле да бидат решавачки. Сепак, руските трупи засега не успеваат да го освојат целиот град“, кажа Гајдај.

    Тој додаде дека руските сили ќе ги употребат сите свои резерви денеска и утре во обид да го освојат Северодоњецк и да напредуваат во други насоки, што подразбира и преземање контрола врз клучниот автопат Лисичанск-Бахмут.

    Леонид Пасечник, шефот на самопрогласената Народна Република Луганск, кажа дека украинските сили ја држат индустриската зона во градот.

    Северодоњецк не е 100% ослободен. Не можеме да кажеме дека градот е целосно наш“, изјави Пасечник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира