СЕПАРАТИСТИТЕ БАРААТ ПОМОШ ОД РУСИЈА, УКРАИНА ОД ЗАПАДОТ ДОДЕКА СЕ ЗАСИЛУВААТ БОРБИТЕ ВО ДОНБАС

    СЕПАРАТИСТИТЕ БАРААТ ПОМОШ ОД РУСИЈА, УКРАИНА ОД ЗАПАДОТ ДОДЕКА СЕ ЗАСИЛУВААТ БОРБИТЕ ВО ДОНБАСМосква вети дека ќе ги штити народните републики Доњецк и Луганск (Фото: АП)

    Главната цел на руската воена операција во Украина е заштитата на народните републики Доњецк и Луганск, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, откако лидерот на еден од сепаратистичките региони побара дополнителна помош од Москва. Шефот на НР Доњецк, Денис Пушилин, изјави дека борбите и бомбардирањата во регионот се засилиле.

    Сите неопходни сили, вклучувајќи ги и сојузничките, како на Руската Федерација, ќе бидат ангажирани со цел да му се спротивставиме на непријателот“, кажа Пушилин.

    Во исто време, Украина побара уште оружје од западот, откако руските сили ги отсекле сите маршрути за евакуација на цивилите од Северодоњецк, уништувајќи го и третиот мост преку реката Сиверски Доњец кон соседниот град Лисичанск.

    Советникот на претседателот Зеленски, Михајло Подољак, побара од западот да ја снабди Украина со 300 повеќеракетни системи, 500 тенкови и 1.000 хаубици, сметајќи дека само така ќе може да ѝ се парира на Русија на фронтот.

    Човечката цена на битката за Северодоњецк е ужасна, тоа е страшно. Украинските сили се борат буквално за секој метар од градот. Битката за Донбас ќе остане запишана како една од најбруталните во европската историја“, кажа Володимир Зеленски.

    Според гувернерот на Луганск, Серхиј Гајдај, руските сили контролираат 70% од градот. Украинската војска додава дека „непријателот создава услови за да почне офанзива на Словјанск“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира