РЕКОРДНА РАЗМЕНА СО ГЕРМАНИЈА ОД НАД 4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА, НО ГЕРМАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ СЕ ЖАЛАТ НА КОРУПЦИЈА

    РЕКОРДНА РАЗМЕНА СО ГЕРМАНИЈА ОД НАД 4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА, НО ГЕРМАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ СЕ ЖАЛАТ НА КОРУПЦИЈАРезултатите од анкетатата ги претстави Патрик Мартенс (во средина), а присутен беше заменикот германски амбасадор Ото Граф (Фото: СДК.МК)

    Трговската размена меѓу Македонија и Германија во 2021 година забележа рекорд од 4,719 милијарди евра, соопшти Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија претставувајќи ги резултатите од анкетата за деловната клима спроведена помеѓу германските инвеститори.

    Во 2021 година од Македонија во Германија се извезени добра во вредност од 3.474 милијарди евра, а увозот од Германија е 1,244 милијарди евра.

    Во Македонија работат 200 компании со германски капитал во кои работат околу 20.000 луѓе.

    Анкетираните германски компании изјавиле дека 70 отсто од нив повторно би инвестирале во Македонија, а 30 отсто би се одлучиле за друга локација.

    Испитаните компании со најслаба оценка ја оцениле борбата против корупција и криминалот и сметаат дека треба да има подобрување во правната сигурност, политичка стабилност, инфраструктурата, како и поголема транспарентност при јавните набавки.

    Како многу добри се оценети даночниот систем и даночните оптоварувања, а подобра оценка во споредба со минатите години доби и наплатата на побарувања.

    Германските компании се најзадоволни од своите вработени. Со највисока оценка ја оцениле продуктивноста на стручниот кадар и мотивацијата на вработените.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира