КАНДИДАТОТ НА КРАЈНАТА ДЕСНИЦА ХОФЕР ПРИЗНА ПОРАЗ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО АВСТРИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:28:"Виена,(Би-Би-Си)

    КАНДИДАТОТ НА КРАЈНАТА ДЕСНИЦА ХОФЕР ПРИЗНА ПОРАЗ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО АВСТРИЈА

    Десничарскиот кандидат Норберт Хофер загуби на австриските претседателски избори. Шефот на неговата кампања призна дека победник на изборите е независниот кандидат Александер ван дер Белен. Австриската претседателска функција е церемонијална, но на ова гласање се гледаше како показател колку добро можат да поминат популистичките кандидати на претстојните избори во Европската унија. Денешното гласање беше повторено по нерегуларностите за време на мајските избори.

    Поранешниот претседател на Зелената партија Ван дер Белен има јасно водство, покажаа првичните резултати, според кои тој има 53,5% од гласовите, а Хофер 46,4%. Кампањата на Хофер се базираше на антимигрантска платформа и сугерираше дека Австрија треба да го следи примерот на Велика Британија да ја напушти Европската унија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира