ВОЈНАТА ВО УКРАИНА МОЖЕ ДА ТРАЕ СО ГОДИНИ, ВЕЛИ НАТО

    ВОЈНАТА ВО УКРАИНА МОЖЕ ДА ТРАЕ СО ГОДИНИ, ВЕЛИ НАТОСтолтенберг вели дека цената на војната е висока, но цената да ѝ се дозволи на Русија да ги оствари своите воени цели е уште поголема. (Фото: СДК.МК)

    Западот мора да се подготви да продолжи да ја поддржува Украина во војна која може да трае со години, предупреди генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

    Тој вели дека цената на војната е висока, но цената да ѝ се дозволи на Русија да ги оствари своите воени цели е уште поголема.

    „Ние мораме да се подготвиме за фактот дека може да трае со години. Не смееме да попуштиме во поддршката за Украина. Дури и ако цената е висока, не само за воената поддршка, туку и за растечките цени на енергенсите и храната“, кажа Столтенберг во интервју за „Билд ам Зонтаг“.

    Шефот на НАТО вели дека снабдувањето на Украина со модерно оружје ќе ги зголеми нејзините шанси да биде способна да го ослободи регионот Донбас, од кој голем дел сега е под контрола на Русија.

    Ваквите изјави на Столтенберг доаѓаат набрзо откако британскиот премиер Борис Џонсон го посети Киев и рече дека пред нас е долготраен конфликт.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира