ЕВРОПСКИТЕ ПАРТНЕРИ КОНЕЧНО СФАТИЈА ДЕКА БИЛАТЕРАЛНИОТ СПОР СО МАКЕДОНИЈА МОРА ДА ВЛЕЗЕ ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА, ВЕЛИ РАДЕВ

    ЕВРОПСКИТЕ ПАРТНЕРИ КОНЕЧНО СФАТИЈА ДЕКА БИЛАТЕРАЛНИОТ СПОР СО МАКЕДОНИЈА МОРА ДА ВЛЕЗЕ ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА, ВЕЛИ РАДЕВПремиерот Димитар Ковачевски и претседателот Румен Радев во Софија на 25 јануари годинава. (Фото: Влада)

    Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека францускиот предлог за одблокирање на македонските евроинтеграции е најдобар и најфер во моментов. Тој е задоволен што бугарските барања се влезени во предложената преговарачка рамка за Македонија.

    „Билатералните прашања мора да се издигнат на ниво на ЕУ, во преговарачката рамка. Ова не е просто билатерален спор за историја, ова се прашања кои што се косат со фундаментите на ЕУ и по многу средби и убедувања, најпосле европските партнери сфатија дека таму е местото за решавање на тие прашања“, изјави Радев денеска на форум во Рига, Летонија.

    Бугарскиот претседател сепак вели дека во моментов нема доволно време за да се крене ветото до крајот на неделава, кога ќе се одржи средбата на лидерите на земјите членки на ЕУ во Брисел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира