ИЗРАЕЛЦИТЕ ОДАТ НА ПЕТТИ ИЗБОРИ ЗА ЧЕТИРИ ГОДИНИ, НЕТАНЈАХУ НАЈАВИ ВРАЌАЊЕ НА ВЛАСТ

    ИЗРАЕЛЦИТЕ ОДАТ НА ПЕТТИ ИЗБОРИ ЗА ЧЕТИРИ ГОДИНИ, НЕТАНЈАХУ НАЈАВИ ВРАЌАЊЕ НА ВЛАСТНафтали Бенет беше премиер само една година (Фото: АП)

    Израелците ќе одат на петти парламентарни избори за помалку од четири години откако коалициската влада заклучи дека нема да преживее и го распушти парламентот. До изборите предвидени за крајот на октомври, Јали Лапид ќе ја извршува премиерската функција место Нафтали Бенет.

    Поранешниот премиер и сегашна опозиција Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе се врати на функцијата.

    Со недели се шпекулираше дека владата е пред колапс, што стана уште поизвесно откако пратеник од редовите на Јамина, партијата на Бенет, ја напушти коалицијата. Нир Орбах се повлече минатата недела, велејќи дека владата не успеала во мисијата да го крене духот на Израелците.

    За законот за распуштање на парламентот ќе се гласа следната недела. Ако помине како што се очекува, ќе се отвори можност Лапид да стане привремен премиер.

    Обединети во желбата да го тргнат Нетанјаху, Бенет и Лапид формираа коалиција пред само една година по серија избори кои ништо не решија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира