СЛОВЕНИЈА Ѝ ДОНИРАШЕ НА УКРАИНА ОКЛОПНИ ВОЗИЛА ОД ЈУГОСЛОВЕНСКО ПРОИЗВОДСТВО

    СЛОВЕНИЈА Ѝ ДОНИРАШЕ НА УКРАИНА ОКЛОПНИ ВОЗИЛА ОД ЈУГОСЛОВЕНСКО ПРОИЗВОДСТВО„БВП М-80А“ се произведуваше во Југославија во 1980-ите (Фото: 24ур)

    Словенија ѝ донираше на Украина 35 оклопни возила од југословенско производство, кои синоќа ја преминале словенечката граница и треба да пристигнат во западна Украина преку Полска. За возврат, Словенија во договор со САД ќе добие средства за купување оружје и опрема за својата војска, објавија локалните медиуми.

    Станува збор за гасеничното борбено возило „БВП М-80А“, кое се произведуваше во Југославија во 1980-ите и сè уште го има во составот на војските на бившите републики. Има посада со тројца војници, 20-милиметарски топ, митралез и лансер на противтенковски проектили.

    Министерот за одбрана Марјан Шарец кажа дека Словенија веќе ѝ испратила на Украина пешадиско оружје, шлемови, панцири и друга опрема.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира