ВАРХЕЈИ МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА БОРИСОВ ШТО ДАВА ПОДДРШКА ЗА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ

    ВАРХЕЈИ МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА БОРИСОВ ШТО ДАВА ПОДДРШКА ЗА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГБорисов утринава кажа дека ГЕРБ ќе даде „зелено светло“ за почеток на пристапни преговори на ЕУ со Македонија и Албанија ако има предлог од бугарската влада во бугарскиот парламент. - Вархеји во Скопје (Фото: СДК.МК)

    Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји му се заблагодари на лидерот на бугарската опозиција Бојко Борисов што прифаќа Македонија да ги почне пристапните преговори со ЕУ врз основа на францускиот предлог.

    „Му благодариме на лидерот на опозициската ГЕРБ Бојко Борисов за историската одлука за Европа и за Македонија да прифати преговори базирани на францускиот предлог, дозволувајќи да се отворат пристапните преговори со Македонија. Очекуваме владата да ги достави неопходните предлози до парламентот денеска за да може Европа да оди напред“, објави Вархеји на Твитер.

    Борисов утринава кажа дека ГЕРБ ќе даде „зелено светло“ за почеток на пристапни преговори на ЕУ со Македонија и Албанија ако има предлог од бугарската влада во бугарскиот парламент.

    „Францускиот предлог за Северна Македонија и е многу добар. Му верувам на претседателот Макрон и на ЕУ“, кажа Борисов.

    Поранешниот бугарски премиер рече дека разговарал со своите пратеници и им кажал да го поддржат предлогот.

    Францускиот предлог денеска е ставен на дневен ред на Комисијата за надворешни работи во бугарскиот парламент, кој денеска треба да гласа и за избор на нов претседател на парламент, но и за доверба на владата на Кирил Петков.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира