МАКРОН ГО ПОЗДРАВИ ИЗГЛАСУВАЊЕТО НА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ ВО БУГАРСКОТО СОБРАНИЕ И ПОВТОРНО РЕЧЕ „СЕВЕРНОМАКЕДОНЦИ“

    МАКРОН ГО ПОЗДРАВИ ИЗГЛАСУВАЊЕТО НА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ ВО БУГАРСКОТО СОБРАНИЕ И ПОВТОРНО РЕЧЕ „СЕВЕРНОМАКЕДОНЦИ“„Сакам да им се заблагодарам на северномакедонците за напредокот“, рече Макрон и додаде дека „има уште работа“. (Фото: ЕУ)

    Претседателот на Франција Емануел Макрон го поздрави гласањето во бугарското Собрание за францускиот предлог и рече дека процесот продолжува, јави дописничката на МИА од Брисе. Притоа, тој како и вчера и денеска Македонците ги нарече „северномакедонци“, иако денеска за македонското Министерство за надворешни работи упати реакција до Француската амбасада во земјава за користењето на тој навредлив термин.

    „Сакам да го поздравам гласањето во бугарскиот Парламент кој отвора пат за укинување на ветото и отворање на преговорите за пристапување на Северна Македонија и со тоа напредок на албанското досие, рече Макрон попладнево на прес-конференцијата во Брисел.

    Тој додаде дека по ова гласање во следните денови ќе продолжат размените на мислења со партнерите во Бугарија и Македонија.

    „Машината е подготвена за да се одобри тоа што ќе биде одлучено, ова е многу добар сигнал, сакам да му честитам на бугарскиот премиер и опозициските сили кои се здружија околу ова гласање, но и да им се заблагодарам на северномакедонците за напредокот“, рече Макрон и додаде дека „има уште работа“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира