ОКУПИРАНИОТ РЕГИОН ХЕРСОН ПОДГОТВУВА РЕФЕРЕНДУМ ЗА ПРИПОЈУВАЊЕ КОН РУСИЈА

    ОКУПИРАНИОТ РЕГИОН ХЕРСОН ПОДГОТВУВА РЕФЕРЕНДУМ ЗА ПРИПОЈУВАЊЕ КОН РУСИЈАУкраинците често протестираа против руската окупација на Херсон (Фото: АП)

    Новоназначената воено-цивилна управа во окупираниот украински регион Херсон соопшти дека ги почнала подготовките за одржување референдум за припојување кон Русија, објави руската новинска агенција „ТАСС“.

    Херсон се наоѓа северозападно од анектираниот полуостров Крим и беше окупиран на самиот почеток на руската инвазија, при што голем дел од населението го напушти регионот.

    Новите власти постојано истакнуваат дека Херсон веќе никогаш нема да биде украински, додека Владимир Путин пред неколку недели потпиша декрет со кој на жителите им се поедноставува процедурата за добивање руски пасош и тие веќе почнаа да се издаваат.

    Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, не кажа дека анексија на окупираните делови на јужна Украина неизбежно ќе се случи, туку дека иднината на регионот зависи од самите жители.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира