НАЈГОЛЕМИОТ КОАЛИЦИОНЕН ПАРТНЕР ВЕЌЕ НЕ ГО САКА ПЕТКОВ ЗА ПРЕМИЕР ОТКАКО ПРОТЕРА 70 РУСКИ ДИПЛОМАТИ

    НАЈГОЛЕМИОТ КОАЛИЦИОНЕН ПАРТНЕР ВЕЌЕ НЕ ГО САКА ПЕТКОВ ЗА ПРЕМИЕР ОТКАКО ПРОТЕРА 70 РУСКИ ДИПЛОМАТИПродолжуваме со промената има рок од седум да предложи нов владин кабинет, а ако тоа не се случи, мандатот оди кај ГЕРБ на Бојко Борисов. - Премиерот во оставка Кирил Петков (Фото: Ѓ. Личовски)

    Бугарската социјалистичка партија (БСП) нема да се врати на преговорите за составување нова бугарска влада додека Продолжуваме со промената (ПП) не предложи друг кандидат за премиер. Од БСП се разочарани што премиерот во оставка Кирил Петков во вторникот соопшти дека ќе бидат протерани 70 руски дипломати. Според БСП, протерувањето на 70 руски дипломати од Бугарија е недопустливо.

    „Ќе се вратиме на преговарачката маса кога Продолжуваме со промената ќе предложи друг кандидат“, кажа претседателката на БСП Корнелија Нинова по денешната средба со Петков.

    Утре бугарскиот претседател Румен Радев ќе го врачи мандатот за составување нов владин кабинет на Продолжуваме со промената, а засега од партијата најавуваат дека мандатар повторно ќе биде Петков.

    Владата на Петков падна на 22 јуни, кога во бугарскиот парламент ѝ беше изгласана недоверба. Гласањето за недоверба се случи откако Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов излезе од владината коалиција, во која што останаа ПП, БСП и Демократска Бугарија (ДБ). ПП има 67 пратеника во парламентот, БСП има 26, а ДБ 16. За мнозинство се потребни 121.

    ПП има рок од седум да предложи нов владин кабинет, а ако тоа не се случи, мандатот оди кај ГЕРБ на Бојко Борисов.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира