ТАЛАТ ЏАФЕРИ ОСТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО, НЕ ПОМИНА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА

    ТАЛАТ ЏАФЕРИ ОСТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО, НЕ ПОМИНА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА61 пратеник гласаше „против“ интерпелацијата за Џафери, 43 гласаа „за“ и ниту еден воздржан. (Фото: К. Попов)

    Талат Џафери останува претседател на Собранието, откако синоќа пратениците не ја изгласаа интерпелацијата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ. Интерпелација за работењето на претседателот на Собранието не помина, оти 61 пратеник гласаше „против“, 43 гласаа „за“ и ниту еден воздржан. Во гласањето учествуваше и Џафери.

    „Нема да дозволам да се узурпира овој дом. Овој дом припаѓа на народот. Јас сум растоварен од партиските обврски и настојувам таа моја определба да ја терам до крај… Комуникацијата продолжува со секој од вас што има волја да комуницира со мене како претседател на Собранието“, рече Џафери во обраќањето до пратениците по гласањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира