ВО ШВАЈЦАРИЈА СКЛУЧЕНИ ПРВИ ИСТОПОЛОВИ БРАКОВИ

    ВО ШВАЈЦАРИЈА СКЛУЧЕНИ ПРВИ ИСТОПОЛОВИ БРАКОВИПрвите венчавки се одржаа вчера во Женева (Фото: АФП)

    Со многу насмевки, емоции и гордост, во Швајцарија вчера се одржаа првите истополови венчавки, што беше овозможено со референдумот кој ги зголеми правата на ЛГБТ заедницата во земјата. Меѓу првите кои се венчаа беа Алин (46) и Лор (45), кои претходно живееја заедно 21 година.

    Со задоволство прогласувам дека сега сте официјално венчани“, кажа градоначалничката на Женева, Мари Барби-Шапуи, која раководеше со церемонијата во палатата Ејнар.

    Швајцарците излегоа на референдум минатиот септември на барање на противниците на владиниот план „брак за сите“. Притоа, 64% гласачи ги поддржаа истополовите бракови во богатата алпска нација.

    Швајцарија беше една од последните западноевропски држави каде што истополовите бракови не беа дозволени, иако хомосексуалноста беше декриминализирана уште во 1942. До вчера, истополовите двојки можеа да регистрираат само цивилно партнерство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира