ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА НА ИЗЛОЖБА ВО ВАШИНГТОН

a:1:{s:9:"td_source";s:51:"Вашингтон,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА НА ИЗЛОЖБА ВО ВАШИНГТОН

    Фотографии од Шарената револуција се изложени во Музејот на Американскиот музиеј во Вашингтон, САД.

    Организатор на изложбата е Анета Георгиевска Шајн, историчар по уметност на Американскиот универзитет во Мериленд. Изложени се 21 фотографија на репортерите Роберт Атанасовски, Кире Галевски и Ванчо Џамбаски.

    izlozhba-sharena-revolutsija-vashington

    Ова е поттик на македонските граѓани надвор и во Македонија да гласаат и да бидат повеќе ангажирани во политичкиот процес и живот воопшто“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК организаторката на изложбата Георгиевска Шајн – од отварањето на изложбата во Вашингтон, САД – Фото СДК.МК

    „Основната цел на изложбата е информирање на американската јавност околу ова движење, но исто така и поттик на македонските граѓани надвор и во Македонија да гласаат и да бидат повеќе ангажирани во политичкиот процес и живот воопшто“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК организаторката на изложбата Георгиевска Шајн.

    Таа вели дека изложбата ја организирала во последен миг.

    „Обично таму за изложба треба да се закаже година дена однапред, така што директорот навистина ни излезе во пресрет кога му објаснив колку е битно да се постави оваа изложба“, вели Анета и додава дека целата организација прилегала на герила акција оти морала да ги заврши подготовките во кус рок.

    Изложбата е целосно финансирана од македонски граѓани што живеат во САД.

    „Направивме и кампања преку една онлајн платформа и сите технички трошоци беа покриени од страна на десеттина нашинци“, вели Анета Георгиевска Шајн и најавува дека изложбата за Шарената револуција најверојатно ќе биде поставена и во Бостон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира