САД ЈА ПОЗДРАВУВА ДИСКУСИЈАТА ЗА РЕВИДИРАНИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ, ПРИЗНАВАЈЌИ ЈА ВАЖНОСТА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ

    САД ЈА ПОЗДРАВУВА ДИСКУСИЈАТА ЗА РЕВИДИРАНИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ, ПРИЗНАВАЈЌИ ЈА ВАЖНОСТА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТВо петокот, премиерот Ковачевски разговараше со советникот на Стејт департментот Дерек Шолет, во присуство на амбасадорката на САД, Кејт Брнз. (Фото: Влада)

    САД ја поздравува дискусијата за ревидираниот француски предлог за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Македонија, признавајќи ја важноста на македонскиот јазик и идентитет, вели американската амбасадорка Кејт Брнз.

    „САД ја поздравува дискусијата во Северна Македонија за ревидираниот предлог на ЕУ за почеток на пристапните преговори, признавајќи ја важноста на македонскиот јазик и идентитет. Ние долго ја поддржуваме иднината на Северна Македонија во ЕУ и сега гледаме пат кој води напред“, напиша Брнз на Твитер.

    Вчера, претседателот Стево Пендаровски свика седница на Советот за безбедност за францускиот предлог, а средба имаа и премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира