ПО ОСВОЈУВАЊЕТО НА ЛУГАНСК, РУСИТЕ СЕ ВРТАТ КОН ДОЊЕЦК, КАДЕ УКРАИНЦИТЕ СÈ УШТЕ ДРЖАТ ЗНАЧАЈНА ТЕРИТОРИЈА

    ПО ОСВОЈУВАЊЕТО НА ЛУГАНСК, РУСИТЕ СЕ ВРТАТ КОН ДОЊЕЦК, КАДЕ УКРАИНЦИТЕ СÈ УШТЕ ДРЖАТ ЗНАЧАЈНА ТЕРИТОРИЈАСлавјанск и Краматорск се најголемите градови во Доњецк кои и натаму се во украинските раце (Фото: АП)

    Украинските сили вчера се повлекоа од Лисичанск, овозможувајќи ѝ голема победа на Русија, која сега го контролира целиот регион Луганск, една од клучните цели на Кремљ. Киев кажа дека тактичкото повлекување имало за цел да се спасат животи на војниците, кои ќе се прегрупираат пред да почнат противофанзива со помош на модерното западно оружје.

    Москва вчера го славеше „ослободувањето“ на Луганск, еден од регионите чија независност ја призна во пресрет на војната, но со тоа, работата во Донбас е завршена само до пола. Борбите сега ќе се свртат кон Доњецк, каде што украинските сили сè уште држат значајна територија.

    И британското министерство за одбрана вели дека рускиот фокус сега речиси сигурно ќе се сврти кон Доњецк.

    Голем дел од оваа област и натаму е под контрола на Украина. Борбата за Донбас ќе биде уништувачка и веројатно нема да има големи промени во следните неколку недели“, соопшти министерството.

    Следниот важен град на патот на руските сили е Славјанск, кој и вчера беше ракетиран, при што загинале најмалку шест цивили. Овој град едно време беше под контрола на проруските сепаратисти во 2014, пред да биде преземен од Украинците.

    Славјанск и Краматорск се најголемите градови во регионот Доњецк кои и натаму се во украинските раце.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира