ПО ГУБЕЊЕТО НА ЛУГАНСК, УКРАИНЦИТЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ОДБРАНА НА ДОЊЕЦК И НАЈАВУВААТ ПРОТИВОФАНЗИВА НА ЈУГОТ

    ПО ГУБЕЊЕТО НА ЛУГАНСК, УКРАИНЦИТЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ОДБРАНА НА ДОЊЕЦК И НАЈАВУВААТ ПРОТИВОФАНЗИВА НА ЈУГОТПутин им нареди на единиците во другите области да продолжат со борбите (Фото: АП)

    Руските сили се насочуваат кон нови цели во Доњецк откако Владимир Путин прогласи победа во соседниот регион Луганск, додека четири и полмесечната војна во Украина влегува во нова фаза.

    Ослободувањето“ на Луганск беше комплетирано откако руските сили ги освоија Северодоњецк и Лисичанск по неколкунеделните жестоки борби и бомбардирања, што ги претвори овие два соседни града во руини, проследено со големи загуби на двете страни.

    Украинските сили од денеска се на нови одбранбени позиции во Доњецк, каде што сè уште контролираат поголеми градови, додека Путин им кажа на своите трупи во Луганск да одморат, истовремено наредувајќи им на единиците во другите области да продолжат со борбите.

    Ова е последната победа на Русија на украинската територија. Тоа беа средноголеми градови, а на Русите им требаа 90 дена да ги освојат, од 4 април до 4 јули, и тоа со многу загуби“, изјави советникот на претседателот Зеленски, Олексиј Арестович.

    Покрај битката за Доњецк, Украина се надева дека ќе почне голема противофанзива на југот на земјата.

    За да ги заземат градовите на истокот, Русите концентрираа 60% од своите трупи, па ќе им биде тешко да ги пренасочат кон југот. А, не можат да донесат повеќе трупи од Русија. Тие платија висока цена за Северодоњецк и Лисичанск“, вели Арестович.

    Некои воени експерти сметаат дека тешко извојуваните победи им донесоа малку стратешки придобивки на Русите, па битката за Донбас останува во рамнотежа.

    Тоа е тактичка победа за Русите, но со огромна цена. Им требаа 60 дена за многу мал напредок. Мислам дека Русите можат да прогласат некаква победа, но клучните битки допрва следуваат. Во исто време, Украинците напредуваат околу Херсон на југот, каде што работите би можеле да се свртат во полза на Киев“, вели британскиот аналитичар Нил Мелвин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира