ГУВЕРНЕРОТ НА ДОЊЕЦК ПОВИКА 350.000 ЛУЃЕ ДА СЕ ЕВАКУИРААТ ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ГОЛЕМАТА РУСКА ОФАНЗИВА

    ГУВЕРНЕРОТ НА ДОЊЕЦК ПОВИКА 350.000 ЛУЃЕ ДА СЕ ЕВАКУИРААТ ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ГОЛЕМАТА РУСКА ОФАНЗИВАСледниот важен град на патот на руските сили е Словјанск, кој вчера бил гранатиран (Фото: Гети)

    Гувернерот на Доњецк, Павло Кириленко, повика 350.000 цивили да се евакуираат во очекување на големата руска офанзива, која се префрла во овој регион по целосното освојување на Луганск. Украинските сили и натаму контролираат околу 45% од Доњецк, вклучувајќи неколку поголеми града, како Словјанск и Краматорск.

    Судбината на целата наша земја ќе биде решена во регионот Донбас. Ако има помалку цивили, украинската војска повеќе ќе се концентрира на непријателот и ќе може подобро да ги брани градовите од руското напредување“, изјави Кириленко.

    Следниот важен град на патот на руските сили е Словјанск, каде што вчера бил гранатиран пазарот, при што загинале две лица.

    Важно е да се евакуираат што е можно повеќе луѓе“, кажа градоначачникот на Словјанск, Вадим Љах.

    По повлекувањето од Лисичанск, нивното последно упориште во Луганск, украинските сили се утврдуваат на нови позиции за одбрана на Доњецк.

    Тешки борби продолжуваат на границата на Луганск. Непријателот распореди значителни сили“, кажа гувернерот на Луганск, Серхиј Гајдај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира