САШО МИЈАЛКОВ ПРИЗНА ВИНА И ДОБИ ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА „ИМПЕРИЈА“, ЌЕ МУ БИДАТ КОНФИСКУВАНИ 36 МИЛИОНИ ЕВРА

    САШО МИЈАЛКОВ ПРИЗНА ВИНА И ДОБИ ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА „ИМПЕРИЈА“, ЌЕ МУ БИДАТ КОНФИСКУВАНИ 36 МИЛИОНИ ЕВРАДеновиве, судија за извршување на санкции треба да му даде упатен акт за во затвор. - Сашо Мијалков (Фото: СДК.МК)

    Сашо Мијалков, осомничен во истрагата „Империја“ за перење пари е осуден на три години ефективен затвор откако денеска призна вина во спогодба со обвинителката за организиран криминал и корупција Лиле Стефанова, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Деновиве, судија за извршување на санкции треба да му даде упатен акт за во затвор, а на Мијалков му се конфискува недвижен имот од околу 30 милиони евра во корист на државата. Ќе му се конфискуваат и шест милиони евра готовина.

    Од почетокот на месецов, на отслужување на едногодишната затворска казна за „Империја“ е Орце Камчев, кој исто така призна вина и се спогоди со Стефанова.

    Истрагата „Империја“ беше отворена во 2018 за кривичните дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело. Бизнисменот Камчев и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков беа првоосомничени, а осомничени се уште 11 други лица, меѓу кои и газдата на „Пелистерка“ Цветан Панделески.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира