УТРИНАВА ПРОДОЛЖИ ПОТРАГАТА ПО ДВАЈЦАТА МАКЕДОНЦИ НА ХАЛКИДИКИ

    УТРИНАВА ПРОДОЛЖИ ПОТРАГАТА ПО ДВАЈЦАТА МАКЕДОНЦИ НА ХАЛКИДИКИПлажата во Посиди каде што исчезнаа македонските државјани. (архивска фотографија)

    Потрагата по двајцата македонски државјани кои исчезнаа вчера во морето кај Посиди, Халкидики, продолжи рано утринава. Во потрагата се приклучија таткото и братот на еден од исчезнатите, јавија локалните медиуми.

    Ангажирани се хеликоптер на грчката армија, два брода на крајбрежната стража и два приватни брода. Во потрагата учествуваат доброволци кои одат по брегот во околината на Посиди. Потрагата ја отежнуваат силните ветрови во областа.

    Тројца македонски државјани на возраст од 25, 28 и 30 години, вчера исчезнаа во морето откако беа повлечени од силните струи. 25-годишникот брзо беше најден од грчките служби и е во добра состојба. Тројцата дошле на Халкидики да прослават роденден на еден од нив.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира