ОБЈАВЕНА НАЈДЛАБОКАТА ФОТОГРАФИЈА НА ВСЕЛЕНАТА НАПРАВЕНА СО ТЕЛЕСКОПОТ „ЏЕЈМС ВЕБ“

    ОБЈАВЕНА НАЈДЛАБОКАТА ФОТОГРАФИЈА НА ВСЕЛЕНАТА НАПРАВЕНА СО ТЕЛЕСКОПОТ „ЏЕЈМС ВЕБ“Најмоќниот телескоп „Џејмс Веб“ ја испрати досега најчистата фотографија од раниот универзум, каков што бил пред 13 милијарди години. (Фото: АП)

    Објавена е првата фотографија од вселената направена со најмоќниот телескоп кој досега бил поставен „Џејмс Веб“ на НАСА. Неверојатната фотографија, објавена на свеченост во Белата куќа, е преполна со илјадници галаксии и на неа можат да се видат најдалечните објекти, обоени во сини, портокалови и бели бои.

    „Погледот на човештвото во далечната вселена никогаш нема да биде ист. Телескопот ‘Џејмс Веб’, најмоќниот кој некогаш бил поставен во вселената, ја испрати најчистата фотографија досега од раниот универзум, каков што бил пред 13 милијарди години“, соопшти НАСА.

    Со телескопот вреден 10 милијарди долари направена е најдлабоката фотографија што човештвото некогаш ја видело, и во време и во далечина, поблиску до зората на врмето и до работ на универзумот.

    „Иако тоа не е најдалеку што може да види телескопот ‘Веб’ , тоа е најдлабоката фотографија било кога снмена, и ја покажува силата на овој неверојатен телескоп: неверојатна чувствителност, голем опсег на бранови должини и голема јасност на фотографиите“, вели Џонатан Лунин, шеф на катедрата по астрономија на Универзитетот Корнел.

    Телескопот „Џејмс Веб“ беше лансиран од Француска Гвајана во декември минатата година. Тој орбитира околу сонцето на оддалеченост од 1,6 милиони километри, во дел од вселената наречен точка Лагранџ. Се смета за чудо на инженерството и чинеше околу 10 милијарди долари, со што е меѓу најскапите научни платформи воопшто изградени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира