Само што почна седницата за Инормацијата од Владата за преговарачката рамка за почетокот на преговорите со ЕУ, пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ во процедурална интервенција, од собраниската говорница рече дека седница за ребаланс на Буџет трае пет дена и не смее да се прекинува.
Минутажата ја искористи да ја искине Информацијата од Владата со порака: тој звук на парање на хартијата дека вечно да ја пара душата на предавниците што ќе го поддржат францускиот предлог за кревање на ветото на Бугарија.
Притоа таа побара едночасовна пауза, за да размислеле пратениците од мнозинството за францускиот предлог и да се премислеле.
Претседателот на Собранието Талат Џафери дозволи пауза од еден час, а за прекинот на седницата за ребаланс, ги потсети пратениците дека претходно ги скратиле 10-те дена со закон загарантирани, за расправата за ребаланс во собраниските комисии.
С. К. ДЕЛЕВСКА