ПАПАТА ФРАЊО ВО ПОСЕТА НА КАНАДА ЗА ДА ИМ СЕ ИЗВИНИ НА ДОМОРОДНИТЕ ГРУПИ ЗА ИНТЕРНАТИТЕ ВО КОИ ИСЧЕЗНАЛЕ СТОТИЦИ ДЕЦА

    ПАПАТА ФРАЊО ВО ПОСЕТА НА КАНАДА ЗА ДА ИМ СЕ ИЗВИНИ НА ДОМОРОДНИТЕ ГРУПИ ЗА ИНТЕРНАТИТЕ ВО КОИ ИСЧЕЗНАЛЕ СТОТИЦИ ДЕЦАПапата ја опиша посетата како аџилак на покајанието (Фото: АП)

    Папата Фрањо отпатува во историската посета на Канада, каде што ќе им се извини на домородните групи за штетите што им биле нанесени во асимилаторските интернати водени од Католичката црква. Осумдесет и петгодишниот папа ја опиша посетата како аџилак на покајанието, надевајќи се дека ќе помогне да се излечат траумите што Католичката црква им ги предизвикала на домородните луѓе.

    Тој утре ќе се сретне со преживеаните близу бивш интернат во Масквачис, каде што се очекува да го даде своето формално извинување. Папата ќе ги посети провинциите Алберта и Квебек и северната територија Нунавут, но не и Британска Колумбија, каде што лани беа откриени првите 200 неозначени гробови на местото на некогашен интернат.

    Домородните групи бараат повеќе од зборови и притискаат да се отворат црковните архиви за да се дознае судбината на децата кои никогаш не се вратиле дома од државните интернати. Овие установи имале за цел да ги асимилираат домородните деца и да ги уништат домородните култури и јазици.

    Околу 150.000 деца биле земени од нивните семејства и сместени во овие училишта, а Католичката црква управувала со 70% од нив. Низ Канада имало над 130 вакви интернати, од кои последниот беше затворен дури во 1996.

    Многумина од преживеаните имаат сведочено дека биле злоставувани, болни и неухранети, но она што вистински ја шокираше канадската јавност беше откривањето на повеќе од 1.000 неозначени гробови на местата на некогашни интернати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира