Русија објави дека ќе се повлече од Меѓународната вселенска станица (ИСС) во 2024 година и ќе изгради своја сопствена станица. Шефот на руската вселенска агенција Роскосмос, Јури Борисов, изјави дека Русија дотогаш ќе ги исполнува своите обврски.
САД и Русија, заедно со другите партнери, успешно работат заедно на ИСС од 1998. Станицата е заеднички проект на пет вселенски агенции, на која од 1998 беа спроведени илјадници научни експерименти. САД сакаат да го продолжат нејзиното функционирање за уште шест години по 2024.
На средбата со Владимир Путин, Борисов кажа дека е донесена одлука за напуштање на проектот во 2024.
„Мислам дека дотогаш ќе почнеме да составуваме руска вселенска станица“, кажа Борисов.
Нејасно е што значи ова за иднината на ИСС, додека од НАСА кажаа дека не добиле официјално известување од Москва.