Српскиот актер и поранешен директор на Југословенско драмско позориште (ЈДП) Бранко Цвејиќ почина во Белград на 75 години.
Роден во Белград на 25 август 1946, Цвејиќ запишал глума на Факултетот за драмски уметности во Белград во 1965 и беше дел од целата генерација нови актери кои на повик на легендарниот Бојан Ступица станале членови на ЈДП во 1967. Во матичната театарска куќа одиграл повеќе од 50 улоги.
Гостуваше и на други сцени, а беше и еден од основачите на Звездара театар.
Цвејиќ играше и во повеќе од 40 играни филмови и ТВ-серии, но остана најпрепознатлив како Бане Бумбар од култната серија „Бос в трње“ („Грлом у јагоде“) од 1975.
„Бранко Цвејиќ припаѓа на онаа генерација српски и југословенски актери која на крајот на 1960-ите го освои, целосно го презеде и радикално го промени изгледот на нашето глумиште. Придонесот на Цвејиќ кон оваа актерска револуција кулминираше во ТВ-серијата ‘Бос в трње‘, која го направи еден од водечките драмски уметници во Југославија“, соопшти Југословенско драмско позориште.