СЕВЕРНА КОРЕЈА Е ПОДГОТВЕНА ЗА КАКОВ БИЛО ВОЕН СУДИР СО САД, ВЕЛИ КИМ ЏОНГ-УН

    СЕВЕРНА КОРЕЈА Е ПОДГОТВЕНА ЗА КАКОВ БИЛО ВОЕН СУДИР СО САД, ВЕЛИ КИМ ЏОНГ-УНСАД предупредуваат дека Северна Кореја ќе изврши ново нуклеарно тестирање (Фото: КЦНА)

    Северна Кореја е подготвена да ги мобилизира сите свои капацитети за нуклеарна војна, изјави лидерот Ким Џонг-ун. Зборувајќи на настан на кој беше одбележана годишнината од Корејската војна, Ким кажа дека земјата е целосно подготвена за каков било воен судир со САД.

    Овие коментари следуваат додека постои загриженост дека Северна Кореја ќе го изврши седмиот нуклеарен тест, за што САД неодамна предупредија дека може да се случи многу скоро.

    Нуклеарните закани од САД бараат од Северна Кореја да ја оствари итната историска задача за засилување на својата одбрана. САД погрешно ги толкуваат нашите редовни воени вежби како провокација“, кажа Ким.

    Северна Кореја го изврши последното нуклеарно тестирање во 2017, но тензиите повторно се засилуваат на корејскиот полуостров.

    Специјалниот американски претставник за Северна Кореја, Сунг Ким, кажа дека таа извршила 31 тестирање на проектили оваа година, на што Јужна Кореја возврати со осум теста во јуни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира