НИЗ МАКЕДОНИЈА МИНА ЛУКСУЗНИОТ ПАТНИЧКИ ВОЗ „ДУНАВ ЕКСПРЕС ВЕНЕЦИЈА-ИСТАНБУЛ-ВЕНЕЦИЈА“, КОЈ ВОЗИ ЕДНАШ ГОДИШНО ЗА БИЛЕТ ОД 14-30.000 ЕВРА

    НИЗ МАКЕДОНИЈА МИНА ЛУКСУЗНИОТ ПАТНИЧКИ ВОЗ „ДУНАВ ЕКСПРЕС ВЕНЕЦИЈА-ИСТАНБУЛ-ВЕНЕЦИЈА“, КОЈ ВОЗИ ЕДНАШ ГОДИШНО ЗА БИЛЕТ ОД 14-30.000 ЕВРАВозот имаше пауза од 10-тина минути во Велес и потоа го продолжи патувањето до Солун и Истанбул. (Фото: СДК.МК)

    Ексклузивниот патнички воз Венеција-Истанбул-Венеција денеска напладне мина низ железничката станица во Велес. Се состоеше од 14 патнички коли, вагони за спиење, вагони за јадење. Од што беше долг, не го собираше по целата должина на станицата.
    Возот имаше пауза од 10-тина минути во Велес и потоа го продолжи патувањето до Солун и Истанбул. Синоќа патниците преноќиле во Скопје, а следното ноќевање е во Солун.

    „Golden Eagle Danube Express е вашиот луксузен хотел на тркала. Распакувајте се само еднаш и сместете се во вашата добро наместена и удобна кабина додека го започнувате ова животно патување. Вашиот кабински придружник ќе биде при рака да се грижи за сите ваши потреби“, се вели во објавата за ова патување, кое е само еднаш оваа година.

    Рутата на патување опфаќа посети на Венеција, Трст, Љубљана, Загреб, Сараево, Мостар, Белград, Скопје, Солун, Софија, Пловдив и Истанбул.

    Возот веќе има термин и за враќање низ Велес. Тоа треба да се случи на 10 август во попладневните часови. Цената во делукс кабини за двајца е 21.500 евра, а за еден е 14.400 евра. За супер делукс кабини за двајца е 18.000 евра, а за еден е 30.000 евра. Патувањето трае 12 дена. Годинава е превидено само едно патување на оваа релација. Следната година исто така има едно патување и тоа е предвидено за октомври.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира