НИ ТРЕБААТ ПОМАЛКУ ДРЕГ КРАЛИЦИ, А ПОВЕЌЕ ЧАК НОРИС, ИМ КАЖА ОРБАН НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОНЗЕРВАТИВЦИ

    НИ ТРЕБААТ ПОМАЛКУ ДРЕГ КРАЛИЦИ, А ПОВЕЌЕ ЧАК НОРИС, ИМ КАЖА ОРБАН НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОНЗЕРВАТИВЦИОрбан е една од најголемите ѕвезди на конференцијата во Далас (Фото: АП)

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан негираше дека е расист, но ги повтори своите антигеј ставови во говорот на конференцијата на американските конзервативци во Тексас, на која утре ќе се обрати и Доналд Трамп. Тој е една од најголемите ѕвезди на конференцијата во Далас, што следува откако негова долгогодишна соработничка поднесе оставка поради коментарите на Орбан дека Унгарците не смеат да станат народ со мешана раса.

    Христијански политичар не може да биде расист. Оние кои ме сметаат за расист или антисемитист се идиоти“, кажа Орбан.

    Во говорот што го нарече „Како се бориме“, тој ги исмеваше медиумите во Европа и Америка и им порача на присутните дека имаат две години да се подготват, алудирајќи на изборите во САД во 2024. Ги критикуваше Барак Обама, Џорџ Сорос и глобалистите.

    Мора да ги повратиме институциите во Вашингтон и Брисел. Мора да го координираме движењето на нашите трупи зашто се соочуваме со ист предизвик“, кажа Орбан.

    Тој доби стоечки овации откако го прочита делот од унгарскиот устав во кој стои дека бракот е врска само помеѓу маж и жена.

    Ни требаат помалку дрег кралици, а повеќе Чак Норис“, додаде Орбан.

    Од Белата куќа кажаа дека Џо Бајден нема намера да се сретне со Орбан, додавајќи дека тој дошол во САД со приватна покана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира